Најмалку 22 загинати во двоен самоубиствен бомбашки напад во Сирија

0
236

Најмалку 22 лица, меѓу кои и двајца офицери, се убиени, а повеќе од 100 се ранети во вторник во двоен самоубиствен напад на контролен пункт во Хомс, во Сирија, објави државната телевизија.

Нападите ги извршиле двајца бомбаши самоубијци кои со автомобили пристигнале до воената барикада во квартот Захра во Хомс. Еден самоубиец излегол од автомобилот, пред другиот да се разнесе внатре во возилото, истакна гувернерот на Хомс, Талал Барази. Вториот самоубиец го детонирал експлозивниот појас на местото на првиот напад каде што пристигале луѓе да им помогнат на жртвите.

Државната телевизија објави дека настрадале најмалку 22 лица, а дека повеќе ранети се во тешка состојба. /крај/хн/ст