Најмалку 22 жртви од нападот на свадбата во Турција биле деца

0
274

Најмалку 22 жртви од вкупно 51 во самоубиствениот бомбашки напад на свадба во Газиантеп на југот од Турција во саботата ноќта, биле помлади од 14 години, објави владин претставник во понеделникот.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во неделата изјава дека бомбашот самоубиец било дете на возраст меѓу 12 и 14 години.

Полицијата, која веднаш во саботата ноќта на местото на нападот пронајде делови од ткн самоубиствен елек, смета дека напаѓачот се вмешало меѓу сватовите преоблечен како гостин. Се претпоставува дека експлозивот можел и самиот да го активира, но и дека детонацијата може да била предизвикана од друго лице.

Ердоган за телевизијата NTV потврди дека во експлозијата загинало 51 лица, како и дека се ранети 69 луѓе, од кои 17 се во критична состојба.

Неименуван турски владин функционер во понеделникот за Reuters прецизираше дека бројката од 51 жртва не го вклучува и бомбашот самоубиец.

Нападот се одигра во населба во центарот на Газиантеп каде што живеат многу Курди, кога голема група луѓе од курдска свадбена веселба се упатила да прославува на улиците од градот, што е обичај во југоисточна Турција, особено во летните месеци.

За нападот за кој сé уште никој не ја презема одговорноста, властите ја обвинуваат екстремната сунитска групација Исламска држава, којашто изминатите две години изврши неколку големи напади против припадниците на курдската заедница во Турција со многубројни жртви./крај/мф/сн