Најмалку 23 загинати во несреќа на туристички автобус во Турција

0
898

Најмалку 23 лица загинале во несреќа на автобус кој превезувал туристи кој туристи, откако возилото се превртило во провалија на автопатот крај брегот во турската покраина Мугла, пренесуваат во саботата медиумите.

Автобусот во кој имало најмногу домашни патници од Измир, се урнал по падините по остар завој на автопатот во областа Мармарис.

„Бројот загинати е 23 лица и осум повредени. Странски туристи меѓу нив нема. Причина за хаваријата, според првичните претпостави, е предизвикана од дефект на системот за сопирање на автобусот“, изјави гувернерот на провинцијата Амир Чичек за телевизијата NTV.

Според агенциите Anadolu и Dogan, меѓу жртвите има и жени и деца. Повредените се пренесени во блиските болници. Нивната состојба се оценува како тешка.

Автобусот превезувал на еднодневна екскурзија група жители на Измир, претежно жени и деца.