Најмалку 25 лица загинаа во експлозија во Индија

0
457
Најмалку 25 лица загинаа при експлозија во ресторан во градот Петлавад, во централната индиска држава Мадхија Прадеш, соопштија локалните власти, кои се сомневаат дека најверојатно експлодирала плинска боца.
Од уривањето на покривот има и голем број повредени. Ресторанот, кој се наоѓа во близина на автобуската станица во градот, бил преполн кога се случила експлозијата.
Спасувачите извлекле 25 трупа од урнатините, и продолжуваат да бараат преживеани. Повредени се над 30 луѓе.