Најмалку 26 коптски христијани, меѓу кои и деца, убиени во напад врз автобуси

0
402

Вооружени лица нападнале два автобуси и едно камионче со коптски христијани во централен Египет, при што загинаа најмалку 26 лица, меѓу кои и деца, а повредени се 25 лица, соопштија државните медиуми.

Автобусите се движеле кон манастирот Св. Самуел Исповедник во покраината Минја, на околу 220 километри јужно од Каиро, кога бил нападнат.

Ниту една група засега ја нема преземено одговорноста за нападот, но милитантите на Исламска држава неколку пати во последниве месеци ги напаѓаа Коптите и ветуваа дека повторно ќе го сторат тоа.

Сведоци рекле за новинската агенција Ројтерс дека Коптите убиени денеска патувале кон древниот манастир Св. Самоил, во западниот дел на Минја, за да се помолат.

Маскирани мажи ги запреле автобусите и камиончето додека возеле по патот што води кон манастирот, а потоа отвориле оган, рекле тие.

www.mkd.mk