Најмалку 29 загинати во две експлозии во Истанбул

0
478

Во две експлозии пред фудбалскиот стадион во центарот на Истанбул загинаа најмалку 29 луѓе, додека 166 се ранети, соопштија турските власти. Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Солу наведе дека 27 од убиените биле полицајци и оти десет лица биле уапсени во врска со експлозиите. Според него, првата експлозија била причинета од автомобил бомба пред еден автобус со полицајци пред Водафон Арената во Истанбул каде што играле фудбалските тимови Бешикташ и Бурсаспор. Другата ексползија била во блискиот парк и се случила 45 секунди по првата. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека станува збор за терористички напад. Според некои сведоци, по експлозиите се слушнале и истрели. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападите.

Без коментари

LEAVE A REPLY