Најмалку 30 луѓе загинаа во поплавите во југозападна Јапонија

0
459

Бројот на жртвите од поплавите во југозападна Јапонија се искачи на 30, соопштија локалните власти.

Дваесетина лица се водат како исчезнати во поплавите на островот Кјушу, а најпогодени се префектурите Фукуока и Оита.

Поплавите оштетиле околу 700 домови, како и патишта и мостови, а стотици лица се евакуирани.

Без коментари