Најмалку 30 мртви во насилни протести во Индија

0
261

Најмалку 30 лица се убиени и стотици се повредени во уличните немири и насилничките протести во градот Панкхула, во северна Индија, откако Судот осуди за силување еден популарен, религиозен лидер.

Според полцијата, најголемиот број од жртвите се верува дека се следбенци на Гурмет Рам Рахим Синг (50), сите гневни што нивниот гуру кому тие слепо му веруваат, е прогласен за виновен.

Дури 2.500 следбеници на Синг се притворени.

Гневните демонстранти унишувале се што ќе им се најде на патот, кршеле паркирани автомобили и ги потпалувале репортажните коли на телевизиските компании кои известуваа за одлуката на судот, барајќи од новинарите да објавуваат дека нивниот гуру не е виновен.

Без коментари