Најмалку 30 загинати во напади на Боко Харам во Нигерија

0
303

Најмалку 30 лица загинаа во напади на припадници на исламистичката група Бојо Харам врз две села во североисточниот дел на Нигерија.

Очевидци на настанот изјавија дека исламиситте со возила упаданле во селата Качифа и Јакари, каде убиле 30-тина локални жители. Пред да ги напушта селата, припадниците на Боко Харам извршиле и грабежи по куќите.

Групата Боко Харам, која е основана во 2002 година, се бори за создавање муслиманска држава во тој дел на Африка во која би важеле шеријатските закони. Припадниците на групата вршат напади и киднапирања во Нигерија и во соседните држави Камерун, Нигер и Чад.