Најмалку 32 загинати во силниот земјотрес во Мексико

0
294

Најмалку 32 лица загинаа во силниот земјотрес кој го погоди јужниот пацифички брег на Мексико. Ова е најсилниот земјотрес кој го погодил Мексико досега, со магнитуда од 8,2 степени.

Гувернерот на јужната мексиканска сојузна држава Оаксака, Алехандро Мурат изјави дека 23 лица загинале во таа држава, а дека уште седуммина ги загубиле животите во соседната сојузна држава Чиапас. Двајца се водат како загинати во сојузната држава Табаско. Пацифичкиот центар за предупредување од цунами соопшти дека се измерени бранови повисоки и од еден метар од вообичаените.

Без коментари