Најмалку 35 луѓе загинати во напади на сириски болници

0
412

Организацијата Лекари без граници денес соопшти дека најмалку 35 пациенти и медицински персонал загинале а 72 биле ранети во воздушните напади на сириски болници, објави агенцијата АФП.

Во ескалација на воздушните напади која започна на крај на септември, на мета беа 12 болници во Идилиб, Алеп и провинцијата Хама, вклучувајќи шест кои ги поддржува организацијата, се вели во соопштението.

Вкупно шест болници биле приморани на затварање, а уништени се и четири амбулантни возила, соопшти организацијата.