Најмалку 35 загинати во рударска несереќа во Иран

0
192

Иранските државни медиуми јавуваат дека најмалку 35 луѓе загинале во експлозија во еден рудник за јаглен во северниот дел на Иран. Според локалните власти, причина за експлозијата било истекување на метан и оти во тој момент во рудникот имало 80 рудари. Се верува дека некои од рударите се уште се наоѓаат во рудникот.