Најмалку 36 погинати и над 140 ранети во нападот на аеродромот во Истанбул

0
358

Најмалку 36 луѓе загинаа, а над 150 се повредени во синоќешниот терористички напад на најголемиот аеродром во Турција, Кемал Ататурк во Истанбул.

Официјални претставници прогнозираат дека бројот на загинати ќе се искачи на најмалку 50, бидејќи голем број од повредените се во критична состојба.

Турскиот премиер изјави дека зад нападот најверојатно стои Исламската држава.

Очевидец за турските медиуми изјави дека еден од напаѓачите прво пукал со автоматска пушка во делот на поетувањето, по што тројцата се разнесле во делот каде што пристигнуваат патниците еден кат подолу. Сите биле облечени во црно и не носеле маски.