Најмалку 40 загинати во свлечишта на истокот на Мексико

0
315

Најмалку 40 луѓе загинаа за време на викендот во одрони на тлото на истокот на Мексико, предизвикани од поројните дождови во тропската бура Ерл, објавија властите.

Повеќето од жртвите се во државите Пуебла и Веракруз, каде што цели ридови се урнале врз колибите на сиромашни Мексиканци.

Спасувачи со кучиња трагачи го пребаруваат теренот, а бројот на исчезнати засега е непознат. /крај/он/ст