Најмалку 45 повредени во судирот меѓу демонстранти и полицијата во Ереван

0
224

Во судир меѓу ерменската полиција и демонстрантите ноќеска во Ереван се повредени 45 лица, Демонстрантите протестираа пред полициската станица, која пред неколку дена беше заземена од вооружени лица.

Меѓу повредените 25 се полицајци, информира ерменското Министерство за здравство, пренесе ТАСС.

Демонстрантите, кои протестираа пред полициската станица во ерменскиот главен град, врз полицајците фрлаа камења, додека припадниците на полицијата одговорија со истрели на предупредување и шок-бомби.

Во судирот тешко е повреден лидерот на Социјалистичката партија на Ерменија, Мовсес Шавердијан (64), наведува ТАСС.

Во еден момент полицијата ја оттурнала масата на одалеченост од околу 80 метри од зградата, пренесоа руските медиуми.