Најмалку 50 ранети во експлозија во Турција

0
796

Најмалку 50 луѓе се ранети во голема експлозија во среда во болница во турската провинција Мардин, јавуваат медиумите.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од местото на настанот, на кои се гледа како чад се издига од болницата.

Втората експлозија се случила во градот Дијабекир, исто на југоистокот на Турција. Во тој напад се ранети неколку луѓе. /крај/мф