Најмалку 51 повреден и 136 уапсени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите

0
442

Најмалку 50 лица беа повредени во ерменската престолнина Ереван по судирите меѓу полицијата и демонстрантите, соопшти Ројтерс

Ерменскиот претседател Серж Саркисјан ги повика вооружените лица кои држат заложници во полициска станица во Ереван да го положат оружјето и да ги ослободат четворицата полицајци кои ги држат како заложници.

Саркисијан вели дека владата ќе ги казни прекршителите на законот, а нејзините акции ќе бидат во согласност со законите на Ерменија, но не кажа дали ќе побара од полицијата да влезат во зградата.

Вооружена група ја зазеде полициската станица на 17 јули. Тие бараат да биде ослободен нивниот лидер кој е во затвор и оставка од претседателот Саркасијан. Еден полицаец е убиен при нападот.