Најмалку 58 загинати, меѓу кои и деца, во напад со отровен гас во Сирија

0
408

Најмалку 35 лица загинаа, а десетици други се повредени денеска при воздушен напад во сириската провинција Идлиб, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Според Центарот, во нападот во градот Хан Шејхун, кој е под контрола на сириските бунтовници, најверојатно е користен токсичен гас.

Локални активисти тврдат дека жртвите при нападот починале од задушување.

Како што јави Би-Би-Си, Центарот посочува дека нападот го извршиле „сириската Влада или руски авиони“.

Властите во Дамаск досега неколкупати негираа дека користат таков вид оружје при нападите.

Меѓутоа, истрагата на ОН и на Организацијата за забрана на хемиското оружје лани во октомври заклучи дека сириските владини сили користеле хлор при најмалку три напади во 2014 и 2015 година.

Меѓународните организации исто така утврдија и дека џихадистичката група Исламска држава при напади кристела агенси на сулфур.