Најмалку 63 луѓе загинаа во три напади во Багдад

0
378

Во три бомбашки напади во Багдад денеска загинаа најмалку 63 луѓе, а повредени се повеќе од сто, соопштија полициски и медицински извори, пренесува БТА.

Одговореност за еден од нападите презеде Исламска држава.

Последниот напад со автомобил-бомба се случи на пазар во шиитскиот округ Садр Сити, при што загинаа најмалку 19 лица, а 17 се повредени.

ИД презеде одговорност за нападот во шиитскиот округ Ал-Шаб, каде загинаа 28 луѓе, а повредени се повеќе од 70.