Најмалку 700 мигранти настрадале во Средоземјето

0
590

Најмалку 700 мигранти настрадале во последната седмица во водите на Средоземното Море на мигрантската рута од Африка до Италија, соопшти високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во неделата.

Бројот на жртвите се однесува на три несреќи кои се одиграле во средата, четвртокот и во петокот, и се заснова на податоците добиени од преживеаните, соопшти портпаролката на УНХЦР во Рим, Карлота Сами.

Прецизираше дека е пријавено исчезнување на 550 луѓе од брод кој се превртил во четвртокот, околу 100 можеби потонале на друг брод кој потонал во средата и неодреден број на трето пловило кое потонало во петокот.

И мигрантите кои преживеале други неодамнешни обиди за преминување на Средоземното Море пријавуваат исчезнати лица, додаде Сами. На пример, мајка на деветмесечно девојченце кога стигнала на италијанскиот остров Лампедуза во средата и чија судбина ја потресе јавноста.

„Според овие страшни бројки, проценуваме дека има најмалку 700 жртви, но не сме сигурни во нивната бројка и нивните идентитети“, изјави портпаролката.

Од понеделникот Италија повторно се најде на удар на бегалскиот бран, а италијанската крајбрежна стража спасила околу 13.000 луѓе и пронашла околу 50 тела на настрадани.

Во изминатите седум дена околу 1.700 мигранти пристигнале на италијанските брегови, според податоците на Меѓународната организација за миграции (IOM)., По затворањето на ткн балканска рута низ Грција и Турција, Италија стана главната порта за мигрантите кои доаѓаат во Европа. Според податоците на IOM, во Грција влегле само 272 лица во периодот меѓу 19-ти и 26-ти мај, додека во Италија биле регистрирани 5.674 луѓе./крај/мф/сн