Најмалку 97 убиени во нов напад на Боко Харам во Нигерија

0
158

Најмалку 97 луѓе се убиени во новиот напад на екстремисти на Боко Харам во едно село на североистокот на Нигерија, изјавија денеска очевидци.

– Напаѓачите убиле најмалку 97 луѓе, рече еден жител на селото Кукава, а истата бројка ја потврди и еден локален рибар, кој бил сведок на нападот.
Луѓето се убиени додека се молеле во џамија или готвеле во своите домови.
Во борбите со Боко Харам, која сака да создаде исламски калифат, досега загинале најмалку 15.000 луѓе од 2009 година, а околу 1,5 милиони на североистокот на Нигерија биле принудени да ги напуштат своите домови.
Групата извршува напади и во соседните држави, Чад, Камерун и Нигер.