Најмалку четворица загинаа при експлозија во Истанбул

0
411

Најмалку четири лица загинаа, а 20 други се повредени денеска при самоубиствен бомбашки напад на главната шопинг улица во центарот на Истанбул, јави ДПА.

Нападот се случил на улицата Истиклал, во близина на централниот истанбулски плоштад Таксим, која е позната по големиот број продавници на познати домашни и странски бреднови.

Според телевизијата Си-Ен-Ен Турк, меѓу загинатите при експлозијата е и бомбашот-самоубиец.

Полицијата го блокира реонот околку местото на нападот, каде пристигнале поголем број возилана брзата помош.

Турските власти неодамна изразија стравување дека со наближувањето на курдската Нова година, која се прославува на 21 март, постои опасност за зголем број терористички напади.