Најмалку четворица загинати при удар на тајфунот „Соуделор“ на Тајван

0
314

Најмалку четири лица загинаа, а еден се води како исчезнат при налетот на тајфунот „Соуделор“ на Тајван, јави ТАСС.Поради невремето на Тајван денеска останаа затворени поголем број јавни институции и компании, а откажани се и десетици летови од тајванските аеродром. Региситрирани се и прекини и застои и во поморскиот и во железничкиот сообраќај.

„Соуделор“, кој е најсилниот тајфун во реонот на Тихиот Океан оваа сезона, предизвика и прекин на електричната енергија во околу 1,8 милиони станбени објекти.

Ветерот во жариштето на тајфунот, кој е проследен со поројни дождови, над Тајван дувал со брзина од 58 метри во секунда.

Тајфунот денеска продолжи да се движи кон запад, приближувајќи се кон континенталниот дел на Кина. Во очекување на ударот на „Соуделор“, властите евакуираа околу 158.000 луѓе во источната кинеска провинција Фуџијан.

Откажани се и повеќе летови од аеродромите во Фуџијан и соседната провинција Гуангдонг и одложени се поголем број јавни манифестации и собири.

Кинеските метеоролози проценуваат дека кога ќе приситгне до Кина, ветерот во жариштето на тајфунот ќе дува со брзина од 46 до 50 метри во секунда.