Најмалку девет лица загинаа од тајфунот Хато во јужниот дел на Кина

0
205

Тајфунот Хато е причина за смртта на најмалку девет луѓе во јужниот дел на Кина.

Петмина загинаа, двајца се водат како исчезнати, а 150 се повредени во специјалниот административен реон Аомен (Макао).

Тајфунот усмртил и четири лица, а едно се води како исчезнато, во провинцијата Гвандун.

Стотици илјади локални жители и туристи во јужниот дел на Кина биле евакуирани. Големи земјоделски површини се поплавени, а околу два милиона семејства останале без електрична енергија.

http://www.alsat-m.tv