Најмалку девет лица загинаа во експлозија на гас во Нигерија

0
392

Најмалку девет лица загинаа, а 10 се тешко повредени откако експлодира резервоар за гас во комплекс за гориво во југозападна Нигерија.

Се уште е непозната причината за експлозијата во објект на нигериската „Линк оил енд гас“ (Linc Oil and Gas) компанија во Калабар.

Експлозиите на гас во Нигерија, најголемиот африкански производител на нафта, се чести бидејќи горивото се транспортира по лоши патишта во застарени камиони.

Несреќи се случуваат и поради тоа што крадците ги оштетуваат гасоводите.