Најмалку пет лица се убиени во престрелка во Пенсилванија

0
264
Најмалку пет лица се убиени, а неколкумина се повредени, синоќа при престрелка во американската држава Пенсилванија, објавија локалните медиуми.
Четири жени и еден маж биле застрелани од непознати напаѓачи во кварт во Вилкинсбург, на 13 километри источно од градот Питсбург. Напаѓачите побегнале, а полицијата е во потрага по нив.
Локален жител изјавил дека слушнал најмалку 20 истрели и дека најмалку двајца мажи учествувале во нападот.
На местото на инцидентот се испратени голем број полицајци и медицински возила.