Најмалку петмина повредени во експлозија во Истанбул

0
217

Најмалку пет луѓе се повредени во експлозија во четврток во близина на полициска станица во Истанбул, објави турската телевизија.

Експлозијата се случила во квартот Јенибосна на европската страна на Истанбул, во близина на главниот градски аеродром, пренесува телевизијата CNN-Turk.

На местото на несреќата стигнале многу возила на итната помош, а телевизиските снимки прикажуваат неколку уништени автомобили и искршено стакло.

Очевидци велат дека слушнале силна експлозија, како и истрели. Турската полиција го затвори подрачјето од страв од нови експлозии.

Сведоците говорат и за еден целосно уништен автомобил, заради што постои сомневање дека станува збор за автомобил бомба.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. /крај/хн/ст