Најмалку седум лица се повредени во вооружен напад во Хјустон

0
164

Најмалку седум лица се повредени денеска во вооружен напад, кога непознато лице отворило оган во американскиот град Хјустон, во сојузната држава Тексас.

Црномурест маж, вооружен најверојатно со револвер, пукал во автомибили кои биле во движење во близина на еден од трговските центри во југозападниот дел од градот.

– Полицијата која пристигнала на местото на инцидентот го застрелала напаѓачот. Тој не е пренесен во болница, бидејќи специјални полициски екипи го проверуваат дали има експлозив на себе – изјави портпаролот на пожарникарската служба, Ричард Ман.