Најмалку седум мртви во серија експлозии на бомби во Кина

0
1149

Најмалку седеум лица загинаа  во серија експлозии на бомби во југозападниот кинески град Лиужу, објавија државните медиуми прикажувајќи снимки од урнати загради, столбови чад и улици полни со делови од уранити згради.

За нападот во покраината Гуанкси во кој се ранети најмалку 13 луѓе, засега никој не ја преземал одговорноста, се додава во телевизискиот извештај.

Бомбите биле испратени по пошта на 15 адреси, од болници, трговски центри до затворот и владините канцеларии, објави телевизијата CCTV и додава дека некои од зградите се делумно урнати.

Во Кина последните години зачестија нападите со ножеви или бомби во трговски центри и на автобуски и железнички станица, особено на западот од земјата, за што властите во Пекинг ги обвинуваат радикалните исламистички елементи од туркофоната муслиманска заедница Ујгури.

Експлозивот во Кина релативно лесно може да се набави, имајќи предвид дека особено во регионот Гуанкси е развиена рударската индустрија./крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY