Најмалку шест загинати во несреќа на авторели во Шпанија

0
239

Најмалку шест луѓе ги загубија животите, а уште шеснаесет се поведени кога автомобил излетал меѓу гледачите кои следеле авторели во северозападниот шпански регион Галиција, соопштија локалните власти.

Како што пренесува агенцијата EFE, инцидентот се случил во саботата околу 20 часот по локално време, на делницата на која автопатот минува низ општината Лрал, во покраината Ла Коруња.

Според електронското издание на весникот El Pais, возачот на еден од тркачките автомобил „Peugeot 206’, влегол во свиок со многу голема брзина и не можел да го контролира возилото. Меѓу загинатите, двајца се мажи и четири жени, од кои според весникот една била бремена и неколку седмици пред породување. Меѓу повредените, пак, три се деца.

Трката „Рели Коруња“, во која учествувале 140 натпреварувачи, била веднаш прекината. Засега нема други информации за судбината на возачот, а полицијата на прашањата од медиумите одговорила дека започнала истрага, и оти засега нема да дава соопштенија./крај/мф/сн