Најмалку шестмина мртви во катастрофален земјотрес во Италија

0
1232

Разорен земјотрес со интензитет од 6,2 степени ја погоди ноќеска централна Италија во кој загинаа најмалку шест лица. Голем број се заробени во урнатините. Разурнувањето е огромно, пренесоа европските медиуми.

Земјотресот се случил во 3.36 часот југоисточно од градот Перуџа, на многу мала длабочина од само 10 километри. Некои од погодените гратчиња се сосема разурнати.

Според „Ла Република“, во Рим зградите се треселе 20 секунди.

Постојано стигнуваат извештаи за пронајдени луѓе заробени во урнатините. Четиричлено семејство било извлечено во Акумболи.

За жал, уште рано беа потврдени првите жртви, постара двојка од Пескара, а досега бројот се искачи на шест лицa.