Најмалку три лица убиени, петмина ранети во вооружен напад во Тел Авив

0
573

Најмалку три лица се убиени, а петмина се ранети вечерва во вооружен напад во центарот на Тел Авив, соопшти израелската полиција, која смета дека нападот е терористички, јавија израелски медуми. Еден од ранетите е во критична состојба.

Полицијата соопшти дека двајца напаѓачи отвориле оган, при што според досегашните информации едниот напад е извршен на пазарот Сарона, а другиот на соседната улица Хаарбах.
Полицјаците отвориле оган кон двајцата напаѓачи, при што им е одземено оружјето и тие се неутрализирани.
Според некои полициски претставници имало и трет напаѓач и полицијата трага по него, но оваа информација се уште не е официјално потврдена.