Најмалку тројца мртви во експлозија во петрохемиски комплекс во Мексико

0
275

Најмалку три лица загинаа а други триесетина се повредени во силна експлозија којашто се случила ноќта кон четвртокот по средноевропско време во нафтениот комплекс во сојузната држава Веракруз, на истокот од Мексико, соопштија властите.

Експлозијата се случила во постројките на фабриката „Petroquimica Mexicana de Vinilo“, која е здружена со компаниите „Pemex“ и „Mexichem“ во Коацакоалкос во близина на Мексиканскиот залив.

Гувернерот на државата Веракруз, Хавиер Дуарте, изјави за државната телевизија дека во експлозијата загинале тројца работници и дека триесет лица се ранети, од кои тринаесет се во многу тешка состојба.

„Со жалење јавуваме дека бројот на повредените се качува кон 30’, објави на Twitter нафтениот гигант „Pamex“, кој засега не го потврди бројот на смртно настраданите, ниту ја соопшти причината за несреќата.

Стотината вработени во рафинеријата се евакуирани, како и неколку училишта и деловни објекти во соседните општини. Гувернерот Дуарте, кој дојде на местото на инцидентот, изјави дека „оваа многу јака експлозија“ се слушнала во радиус од повеќе од десет километри./крај/мф/сн