Најмалку тројца загинати во пукотница во Мериленд

0
250

Во престрелка во индустриската зона Емортон во североисточниот дел на Балтиомор, во американската сојузна држава Мериленд, убиени се три лица, а двајца се тешко повредени,  изјави окружниот шериф Џефри Гелер.

Тој наведе дека напаѓачот е идентификуван како Ради Лабиб Принц, кој има дебело криминално досие и полицијата трага по него.

Осомничениот и жртвите биле соработници во фирма во индустриската зона Емортон.