Најмладата добитничка на Нобеловата награда стана богаташка

0
282

Малала Јусуфзаи, сега пакистанска тинејџерка и позната протесна активистка за правата на образование на девојчињата, која пред четири години преживеа атентат од талибаните, со нејзиното семејство стана милионерка за помалку од четири години поради големата продажба на книгата за нејзиниот живот, и поради хонорарите од нејзините говорнички настапи во светот, објави во средата Thomson Reuters Foundation.

Тогаш четиринаесетгодишната Малала Јусафзаи, која е најмладата добитничка на Нобеловата награда, стана славна откако во октомври 2012 година преживеа стрелање во главата од непосредна близина во училишен автобус во пакистанската покраина Долината Сват.

Нападот на Малала Јусуфзаи талибаните го преземаа како одговор на нејзините критики на својот блог за нивните политики во образованието, особено кон жените. Малала својот блог го започнала на 11-годишна возраст. И покрај тоа што нејзиниот онлајн дневник беше воден под псевдоним, талибаните го открија нејзиниот идентитет откако девојчето беше одликувана со Националната награда за храброст, а беше номинирана и за меѓународната детска награда за мир.

По низата комплицирани долготрајни хируршки зафати во почетокот на 2013 година во болницата во англиски Бирмингем со кои ѝ беше реконструиран черепот и вратен слухот, Малала излезе побунтовна, продолжувајќи да се залага за правата на девојките во Пакистан, но и насекаде во светот.

По лекувањето во Велика Британија, каде што сега живее Малала Јусафзаи, во светот денес постои голема побарувачка на нејзините говори за кои наплатува по 152.000 долари. За споредба, јужноафриканскиот борец против апартхејдот Дезмонд Туту по говор бара 85.000 долари, пренесува американскиот Institute for Policy Studies.

Нејзините мемоари под наслов „Јас сум Малала“, објавени во 2013 година, продадени се во 287.000 примероци во Велика Британија, со што заработила 2,2 милиони фунти, и во околу 1,8 милиони примероци ширум светот, објави портпаролот на истражувачкиот центар Nielsen Book Research.

Јусафзаи ја основаше фондацијата Malala Fond која поддржува проектите за образование на девојките во земјите во развој.

Во 2013 година нејзиното семејство отвори и компанија под називот „ Salarzai Ltd.“ која ги заштитува правата на животната приказна на Малала. Оваа компанија, чиешто седиште е во Лондон, во август 2015 година чинела 1,87 милиони фунти, што е раст од 65 отсто во однос на претходната 2014 година.

„Од објавувањето на книгата на Малала, таа со своето семејство донираше повеќе од милиони долари во хуманитарните организации, повеќето за проекти поврзани со образованието ширум светот, вклучително и во Пакистан“, тврди семејството на Малала Јусафзаи во соопштението за Thomson Reuters./крај/мф/сн