Најмногу грипосани има во февруари и март

0
1163

Веќе започна обврската на матичните лекари за пријавување на случаите на грип која законски започнува од 40 недела, поточно од крајот на септември. Обврската трае до 20 недела. Засега во Битола нема регистрирано заболени од грип.

-До почетокот на мај, трае обврската за групна пријава. Со пријавувањето се запознати сите кои имаат таква обврска. Тие податоци се сумираат, се анализираат, се дистрибуираат во Институтот за јавно здравје и понатаму во референтните центри на Светската здравствена организација како би имале податоци за идните години, вели д-р Тони Коњановски, Центар за јавно здравје.

Минатата година Битола немаше голем број заболени од грип.

-Минатата година имаше 33.228 заболени на територијата на РМ, најмногу имаше во Скопје 17% од вкупниот број, додека Битола со 1500 заболени и 5% од вкупниот број беше на долниот дел на табелата, вели Коњановски.

Пикот на грипот секогаш е во февруари и почетокот на март.

-Тогаш има 11.000-12.000 заболени, во октомври 270, ноември околу 600, крива која се јавува секоја сезона. Во однос на 2013/2014 има зголемување од 14%, а во однос на 10-годишниот план има зголемување од 83%. Тоа зависи од климатските услови, од промената топло-ладно, вели Коњановски.

Од 15 октомври во Центрите за јавно здравје започна вакцинацијата против сезонски грип.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY