Најмногу грипосани во Тетово, Куманово и Прилеп

0
505

Минатата недела до Инситутот за јавно здравје биле пријавени 81 заболен од грип  што претставува намалување за 19% во однос на минатата недела. За оваа сезона бројката на грипосани достигна 737 случаи.  Најголем број се регистрирани на регионот на ЦЈЗ Тетово (260), ЦЈЗ Куманово (155) и ЦЈЗ Прилеп (129), додека во останатите региони се регистрираат спорадични случаи.

По возрасни групи, најголем број на заболени во оваа сезона се  од 15-64 години – 495 случаи.

Во лабораторијата на ИЈЗ досега се тестирани 20 примероци од кои  само еден е позитивен на вирусот на грип – Инфлуенца тип А.