Најнов кавер на Жарко Стојкоски-Одлазим, а волим те

0
473

Учесникот во Идол, Жарко Стојкоски, инаку магистер по музички науки кој моментално работи како професор по музичка уметност,веќе некое време снма кавери. Овојпат неговата нова преработка е големиот хит на Оливер Мандиќ-Одлазим а волим те.

Вокалите ги пее Жарко, гитара Андреј Маркоски, зад камерата на видеото беше Кристијан Стојкоски , а монтажата и продукцијата се исто така дело на самиот Жарко Стојкоски.

Инаку Жарко е и бивш член на групата All Right.

Фановите го препознаваат и по кавер верзијата на песната од Френк Синатра – „Fly me to the moon“.

Средното музичко образование, Жарко го завршува во битолското музичко училиште.

Стојкоски наскоро вети и снимање на прв авторски сингл.