Најнови дела на Гордана Петров-7 минути страст и Нашите испуштени нешта

0
817

Во кафе бар Радост беа промовирани најновите дела на Гордана Петров со наслов-
7 минути страст и Нашите испуштени нешта,посветена на нејзиниот татко Димитар Димитровски Такец.
Со огромна смелост е запишан бурниот емотивен живот, животните, љубовните и професионални превирања низ кои минала низ својот живот,во романот 7 минути страст.

– Гордана Петров е ретка личност – жена со широко и лавовско срце и мека душа. Жена во вистинска смисла на зборот – храбра, зошто го живее животот онака како што го чувствува, не инхибирајќи се себеси од ништо и пред никого-вака ја опиша нејзината пријателка Сузана Турунџиева имено и промотор на настанот.

Во рамките на промоцијата беше презентирана и ликовна изложба.

Гордана Петров Такец е родена во 1949 година во Битола.
Досега има објавено 19 трудови, 7 збирки песни, но вистинската популарност ја стекнува со романот „Креветот како триумф“ напишан и објавен во нејзините повозрасни години.

Романот е сторија – автобиографска книга во која се запишани сите насобрани спомени, напластени со години, преточени на хартија во стилот “без влакна на јазикот“, без страв, срам, поштедување и задршки.

Наградувана е за своите трудови, особено со меѓународни награди, дипломи и признанија.