Најновиот музички материјал на Памперси и данците Момб

0
431

Битолската група Памперси и данската група Момб, имаа заеднички настап во Бар чаршија.
Данските музичари за прв пат се во Битола , а по втор пат доаѓаат во Македонија.првиот пат биле во 1997 -тата година и велат дека во оваа земја им се допаѓаат пејсажите, храната, луѓето, гостопримството.

Во Битола го промовираа вториот албум кој излегува по пауза од 8 години.
Создадени во 1993 тата година, следејќи го ритамот на своето срце, ги освојуваат светските музички сцени со својот единствен и препознатлив звук.

Групата Памперси, го промовираа материјалот од најновиот албум кој е во постпродукција со наслов Pumperzz Of The Fall, под капата на продукцијата Alliance Records.