Најпознатите филмски наслови во 3Д киното во Битола

0
579

По завршувањето на интернационалниот филмски фестивал Браќа Манаки, на кој беа прикажани околу 110 долгометражни филмови, фестивал кој беше во партнерство со Центарот за култура, репертоарот во 3Д. Киното, продолжува со најновите светски филмски наслови.
За роденденската прослава и специјални попусти и по 3 проекции на ден.
Големата сала на Центарот за култура, каде се прикажуваат најреномираните филмови, е опремена со ултра модерен дигитален 3Д кино проектор .
Постоечкото платно минатата година беше заменето со ново, високо рефлективно, со што нивото на квалитетот на сликата ги достигнува стандардите на светските кино сали.Со ова Битола има современо кино со кристално чиста слика и перфектен звук, одлична можност за следење на филмските проекции.