Најпролетниот излог во Битола

0
2121

Со будењето на пролетта се буди и креативноста кај битолчани. Тоа се гледа и по најпролетниот излог во Битола, оној на бутик Хепенинг, кој е декориран во духот на пролетта.
Она што е ин за 2016, бојата на оваа година пастелна розова и пастелната сина боја.
Пастелните бои се „ин“ секоја година, особено во сончевите денови, па одберете сукња, панталони, комбинезон или фустанче во некоја од овие нијанси. Пастелните бои се многу женствени и ќе го направат секој аутфит понежен и поотмен. Пастелните бои изгледаат добро една со друга, па можете да ги комбинирате меѓусебно. Инспирирајте се од моделите во Хепенинг.
Оваа модна куќа го промовира и актуелниот бохо шик стил за оваа пролет. Секоја урбана девојка која сака да биде во чекор со модата оваа пролет, дефинитвно треба да направи простор во својот ормар за парчиња на облека во бохо стил затоа што токму тоа ќе биде „ин“ оваа сезона. Најновата понуда на оваа модна куќа, како и секогаш е инспирирана со светските трендови и ни донесува прекрасни парчиња инспирирани од 60-те и 70-те години.
Лежерниот Бохо стил, најмногу се огледува низ фустаните во кафеави и потемни нијанси,парчиња од трапер и велур,романтични блузи, сукњи во А-крој.