Најсилна ерупција на Етна во последните две децении

0
341

Вулканот Етна, на Сицилија, в петокот еруптираше најсилно во последните дваесет години, а столбот од чад и гас висок 13 километри се издигнуваше на лавата, објави италијанскиот институт за геофизика и вулканологија INGV.

Ерупциите на италијанскиот вулкан, кој со 3.350 метри е највисокиот во Европа, релативно се чести, но сегашнава, којашто започна во четвртокот, е особено впечатлива, се наведува во соопштението на INGV. Столбот со чад бил видлив од голема оддалеченост.

Научниците се распоредени во тимови коишто 24 часа ќе ја следат активноста на вулканот која е во тек.

Најголемата регистрирана ерупција на Етна е онаа меѓу 1991 и 1992 година, која била најголемата во последните 360 години. Сегашната според интензитетот е слична но поголема на оние од 22-ри јули 1998 година и од 4-ти септември 1999 година.