Најслаткото и најжешкото остана за крај

0
729

Светскиот волшебник на гитара Ал Ди Меола во сабота на Антички театар, а еден од највозбудливите концертни бендови во светот Продиџи во недела на стадионот Билјанини извори во Охрид. Со ови две светски имиња завршува првото издание на фестивалот “Ohrid Calling“. Во пресрет на двата музички спектакли, Денис Илиоски од АВАЛОН продукција, на прес конференција истакнаа дека подготовките за двата концерти течат со посакуваната динамика и додаде дека се очекува покрај фановите од Македонија, на двата концерти да присуствуваат помеѓу три и пет илјади гости од соседните земји.

– Ги замолувам фановите да купуваат карти само од овластени продажни места, и да не наседнуваат да купуваат карти од трети лица. Контролата е повеќекратна и со фалсификувани карти тешко ќе се пробиете до вашите музички идоли истакна Денис Илиоски Авалон продукција.