Најстариот хотел во Велика Британија целосно уништен од пожар

0
267

Речиси цел ден гореше Ројал Кларенс најстариот хотел во Велика Британија во градот Ексетер кој до тој момент се уште примаше гости. Пожарникарите не успеале да се справат со огнената стихија и зградата на хотелот целосно колабираше на предната страна. Ројал Кларенс датира од 1769. Засега нема информации за повредени или загинати лица, а полицијата ќе спроведе детална истрага за причините за опожарување.