Наковска Бикова четврта на Параолимпијадата во Рио!

0
1347

Македонските параолимпијци Оливера Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов го завршија своето учество на Параолимписките игри во Рио де Жанеиро. Наковска-Бикова во последниот настап синоќа, го освои четвртото во дисциплината 50 метри воздушен пиштол. Без освоен медал, единствените двајца македонски претставници на Параолимписките игри ги завршија своите настапи.

Во претходните настапи Наковска-Бикова го освои седмото, а Каранфилов не влезе во финалето и го освои 16-то место во дисциплината воздушен пиштол. Потоа во дисциплината спортски пиштол 25 метри, Наковска-Бикова заврши на 14-то, а Каранфилов на 24-то место.

Селекторот на реперезентацијата Бранимир Јовановски вели дека е задоволен од двајцата, со оглед на силната конкуренција во Рио.