Намален бројот на сообраќајни незгоди

0
3715

42-та седница на Советот на Општина Битола која се одржа на 14 октомври на која се дискутираше за училиштата, ќе продолжи в среда. Покрај училиштата, меѓу точките на дневен ред е и извештајот за безбедносна состојба на подрачјето на Полициската станица Битола во текот на 1-то полугодие од 2015 година. Состојбата е оценета како поволна, бројот на прекршоците од областа на јавниот ред и мир, бележи минимално зголемување од 3,9%, додека според показателите во однос на истиот период од минатата година, бројот на сообраќајните незгоди е во намалување за 30,2%.

На сообраќајниците во Битола се случиле вкупно 120 сообраќајни незгоди, што претставува намалување за 30,2% споредено со истиот период од минатата година кога се случиле 172 незгоди. Од нив 50 сообраќајни незгоди се со потешки последици, а 70 се со материјална штета.

Од вкупниот број во 3 незгоди, животот го загубиле 3 лица, а во 47 сообраќајни незгоди 73 лица се здобиле со телесни повреди, од кои: 9 со тешки телесни повреди и 64 лица со телесни повреди. Во овој период поголемиот број на сообраќајни незгоди се случиле во населените места. Во извештајот се потенцира дека со фактот дека поголемиот број од сообраќајните незгоди се случиле во населените места, наведува на констатација на сеуште нерешените проблеми како на сообраќајниците така и сообраќајната сигнализација.

Во структурата на основните причини за настанување на сообраќајните незгоди предизвикани со непочитување на сообраќајните правила на возачите, не се евидентирани битни промени и натаму најчести грешки на возачите се: страна на движење 31, дејствие 27, првенство на минување 13, брзо возењње 8, растојание 6, по грешка на пешаците 6.

Kонтролирани се 15.706 возила и 15.706 возачи, од кои исклучени се 333 возила и 619 возачи, поради неисправност на возилата и непочитување на сообраќајните правила и прописи на возачите. Во текот на првото полугодие вкупно алкотестирни се 1878 возачи, од кои 257 покажале знаци на алкохолизираност.