Намален е бројот на ученици и студенти сместени во домовите

0
418

Во домовите за ученици во основното и во средното образование и во студентските домови во учебната 2016-2017 година биле сместени вкупно 6.755 ученици и студенти, што е намалување за 6,5 проценти во однос на 2015-2016 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Со годишните извештаи се опфатени 37 домови, за ученици во основните училишта, за ученици во средните училишта, за ученици во средните верски училишта и во студентските домови.
Домовите за ученици и студентските домови обезбедуваат сместување, исхрана и воспитување на ученици и студенти за време на школувањето вон местото на постојано живеење на родителите – издржувателите.

Инаку Министерството за образование го објави конкурсот за сместување за претстојната студиска 2017/2018година. Во битолскиот Студентски дом ќе можат да престојуваат 385 студенти. Од нив 77 легла се предвидени за бруцошите а 308 за студентите од 2, 3, 4 , 5 и 6 година.

Без коментари