Намален интересот за производство на органски мед

0
570

Интересот за органско производство на мед, последните години не ги привлекува пчеларите како порано. Нивниот број не е голем, но и од тие што веќе се занимаваат со тоа, веќе почнале да се откажуваат.

-За жал морам да кажам дека се намалува бројот на органски производители на мед. Овие две години имавме откажувања, а причина се строгите критериуми, вели Менде Трајковски, производител на органски мед.MENDE

Еден од тие критериуми е што нема селидбено пчеларење.

-Во конвенционалното пчеларство дозволени се две, три паши, додека во органското максимум две се дозволени. Од тие причини одиме на квалитет, а не на квантитет, вели Трјковски.

Добиваат субвенции 600 денари по пчелно семејство.

-Добредојдени се, да се покријат трошоците во овие кризни години. Но секако треба да ни помогне и природата, немаме доволно приноси последните години, вели тој.

Пчеларите велат дека целта на органското производство на пчелни производи не е во количината, туку во нивната здраствена исправност. Се тежнее кон производство на здраствено безбедна храна без присуство на пестициди и други отровни материи.