Намален кредитниот рејтинг на една македонска банка

0
1353

Откако го намали кредитниот рејтинг на Македонија, кредитната агенција Фич удри и по првата банка во земјава. Кредитниот рејтинг на една банка падна за едно скалило и тоа на најниско ниво на инвестициски кредитен рејтинг.

Дополнително се соопштува дека изгледите на банката за следните две години се негативни. Како што стои во соопштението од агенцијата, намалувањето се должи на намалениот кредитен рејтинг на Македонија од 19-ти август годинава.

Според дел од  економистите одлуката на Фич е очекувана по ревидираењто на кредитниот рејтинг на Македонија. Упатените предупредуваат на полоши последици кои би се одразиле долгорочно. Велат дека негативните последици во финансиските движења ќе се одразат и така што позајмувањето од меѓународните финансиски институции во иднина ќе биде поскапо, а каматните стапки повисоки. Ваквите движења можат да предизвикаат и губење на изворите на финансирање.
Според нив кредитниот потенцијал на домашните банки во странство ќе падне, што ќе предизвика пад и на потенцијалот за кредитирање, како на граѓаните така и на бизнисот.
Со последното ревидирање на Фич кредитниот рејтинг на Македонија падна од ББ+ на ББ со негативни изгледи. Според нивната дијагноза ризикот за инвестирање во домашната економија е на најсниско ниво од 2005 година.